Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, златото поскапе, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата и на пченицата.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 77.166 долари, а на нафтата „брент“ на 81.267 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 31,545 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.416,02 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3985 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08453, што е приближно исто како во вторникот, пренесува Танјуг.