Златото повторно руши рекорди

17

Светските цени на златото повторно пораснаа до ново рекордно високо ниво бидејќи денеска на берзата во Њујорк Comex достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца.
Како што јави Ројтерс, растот на цената на златото е поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во Соединетите Американски Држави.

ФЕД официјално не објави јасен став за каматните стапки, но инвеститорите веќе се обложуваат на нивно намалување.

Пониските каматни стапки од американската централна банка би го направиле златото попривлечно за инвеститорите.

Кинеската централна банка и другите светски банки продолжуваат да купуваат злато за да ги диверзифицираат своите резерви и да ја намалат зависноста од американскиот долар, што заедно со тензиите на Блискиот Исток дополнително ја зголемува цената на овој метал.

Порастот на златото беше проследен со раст на цената на среброто, која во 13 часот и 20 минути се продаваше за 32,015 долари за унца, што е највисока од 2012 година.