Златото продолжува да поскапува – Европските берзи во благ пораст

Денес, европските берзански индекси се во благ пораст, цените на нафтата паѓаат, додека златото порасна во цена и неговата цена е сè уште повисока од 4.000 долари за унца.

Оваа недела ќе бидат објавени брзи податоци за PMI за Еврозоната, Германија, Франција и Велика Британија, како и податоци за инфлацијата и економскиот раст.

Се очекува низа податоци и од Соединетите Американски Држави по одложувањата поврзани со затворањето на федералната влада, а извештајот за работните места во септември треба да биде објавен во четврток.

Највредната компанија во светот, американската Nvidia ќе објави податоци за заработката во среда, како и бројни други американски корпорации во текот на неделата.

Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,21 процент на 23.939,19 поени, францускиот CAC 40 за 0,06 проценти на 8.175,38 поени, британскиот FTSE 100 за 0,07 проценти на 9.703,40 поени, додека московскиот MOEX падна за 0,38 проценти на 2.515,84 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,65 проценти на 47.147,48 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,05 проценти на 6.734,11 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq се зголеми за 0,13 проценти на 22.900,59 поени.

Европските фјучерси за гас за декември беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 31.510 евра за мегават-час.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 59.574 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 63.953 долари.

Цената на златото се искачи на 4.092,42 долари за унца, а цената на пченицата на 5,3092 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16127 долари, што е за 0,06 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.