Значително поскапување на сите видови горива во Словенија

31

Горивото во Словенија по подолг период на замрзнати цени поскапе на полноќ, така што новата цена е 1,775 евра за литар бензин од 95 октани, и 1,848 евра за литар дизел гориво.

Ова е значително поскапување во однос на досегашните замрзнати цени, а новите цени ќе важат во наредните 14 дена, пренесe Хина.

Ова се цените на бензинските пумпи надвор од автопатиштата поради регулираното намалување на трговската маржа, додека цените на бензинските пумпи на автопатиштата слободно ќе се формираат.