Знаци дека поседувате висока интелигенција

285
Ако се прашувате зошто ви пречат некои работи што повеќето луѓе ги прават или имаат навики што дури и не можете да си ги објасните, можеби сте попаметни отколку што мислите.

Еве неколку интересни показатели дека имате висок коефициент на интелигенција:

Брзо одење

Постои директна корелација помеѓу интелигенцијата и брзината на одење. Поголемата брзина остава позитивни ефекти врз когнитивните способности на луѓето. Оние што одат побрзо, добиваат околу 16 поени повеќе на тестовите за интелигенција од оние што одат побавно. Постои уште една добра вест за оние што одат брзо – стареат побавно. Колку побрзо одите, толку подолго вашиот мозок ќе остане активен.

Не сакате допишување

Научниците дошле до заклучок дека употребата на текстуални пораки и е-пошта го намалува нивото на интелигенција за најмалку 10 поени во тестовите. Луѓето кои не можат да живеат без допишување, тешко се фокусираат на конкретни задачи затоа што нивните мозоци секогаш се подготвени да одговорат на пораката, наместо да се концентрираат на работата.

Емпатични сте

Високото IQ не е единствениот показател за интелигенција. Емоционалната интелигенција е многу важна. Добро развиената емоционална интелигенција им овозможува на луѓето подобро да се справат со стресот и да ги разбираат другите луѓе без да мора да разговараат со нив.

Звуците од други луѓе ве вознемируваат

Една студија покажа дека некои луѓе не можат да ги филтрираат непријатни звуци и имаат многу негативна реакција на нив. Овие непријатни звуци можат да бидат предизвикани од некој што гласно дише или си игра со пенкало…

Фото: Pixabay