Знаци коишто откриваат дека колегите не ви веруваат

21

sam

Фото: Pexels

Довербата е како кислород на работното место, потребна е за да “преживеете” и успеете во градењето на кариера. Кога шефот и колегите веруваат во вашиот интегритет и карактер, шансите за напредок се поголеми. Шефот знае дека посветен и доверлив работник добро ја извршува работата, а и колегите може да сметаат на него. Но, ако ја изгубите довербата, вашата кариера ќе стагнира. Важно е да знаете дали вашите колеги имаат доверба во вас. Постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека ја имате изгубено довербата кај колегите:

Колегите не споделуваат информации

Ако секогаш сте последната личност што дознава нешто, тогаш тоа е знак дека колегите го имаат изгубено чувството на доверба во вас. Исто така, кога разговорот престанува откако ќе влезете во канцеларија е јасен показател дека луѓето не се чувствуваат пријатно да ве вклучат во одредени теми, а недовербата е главната причина.

Не добивате поддршка од тимот

Луѓето не сакаат да го поминуваат времето и трошат својата енергија поддржувајќи ги колегите на кои не им веруваат. Кога нивната помош и комуникација со вас е минимална или воопшто ја нема, тоа значи дека постои недостаток на доверба.

Не сте вклучени во важни состаноци

Кога не сте повикани да присуствувате на доверлив состанок е очигледен знак дека шефот не ви верува. Тој се плаши дека ќе предадете доверливи информации или би ги искористиле на несоодветен начин.

Проверка на вашата работа

Ако вашиот шеф или колегите со кои соработувате секогаш ги проверуваат вашите извештаи, добивате голем број на прашања за вашите задачи, проекти и активности е знак дека не веруваат во способноста да ја извршите вашата работа темелно.

Довербата може да ја вратите, а првиот чекор е да се соочите со фактот дека постои проблем. Откако ќе откриете дека колегите имаат недоверба кон вас, потребно е да бидете искрен и транспарентен. Лоша комуникација и неразбирање може да бидат главен проблем кога станува збор за недоверба.