Знаци што покажуваат дека ќе бидете успешен продавач

68

pexels-photo-346796Фото: Pexels

Луѓето понекогаш се раѓаат предодредени за нешто. Некој е роден за глумец, некој за адвокат, а некој уште од мали нозе умее да “продаде“ сè што ќе намисли.

Еве неколку знаци што го карактеризираат успешниот продавач:

Умеете лесно да ги убедите луѓето

Имате вродена способност да ги убедите луѓето да ви веруваат, да го следат вашиот пример и да ги послушаат советите што им ги давате. Тоа го постигнувате лесно без да се наметнете и без агресивност.

Не се плашите од одбивање

Не застанувате со замислата, без разлика колку пати ќе бидете одбиени, длабоко во себе знаете дека ќе успеете да добиете позитивен одговор кога – тогаш.

Сакате да ризикувате

Не се плашите да ризикувате доколку почувствувате дека ќе добиете нешто за возврат. Ја следите интуицијата и чувствувате кога се “приближува“ нова можност и шанса.

Отворени сте за комуникација

Лесно склучувате нови познанства и брзо се впуштате во дискусија со луѓето. Сакате да разменувате искуства што подоцна можат да прераснат во соработка и бизнис.

Самодоверба

Ја имате потребната доза на самодоверба што ви помага да бидете убедителни, а притоа да не се наметнувате. Не се грижите што мислат другите и сте сигурни во своите способности.