Знаци што покажуваат дека не менаџирате добро со вашите пари

22

pari-1

Фото: Pexels

Секој треба да знае да се справи со своите пари, а некои од нас го прават тоа подобро од другите. Ако мислите дека сте господар во менаџирањето на вашите пари, проверете ги точките наведени подолу. Вашиот пристап може и да не е толку безгрешен како што мислите, пишува Business Insider.

Не знаете колку заработувате или трошите

Ако не знаете колку пари влегуваат и излегуваат од вашата банкарска сметка секој месец, тогаш сте во позиција кога немате контрола на прекумерното трошење, долгови и пречекорување.
Решение: Започнете да водите евиденција на вашите приходи и трошоци. Користете апликации или едноставно запишувајте на лист хартија. Клучот е во тоа да знаете колку пари ви се потребни за вашиот животен стил. Знаејќи колку заработувате, ќе утврдите колку може да трошите и инвестирате. Доколку заработите и бонуси, евидентирајте ги во пресметката.

Имате долг на кредитната картичка

За разлика од добрите долгови – наменети за инвестирање во вашата иднина, лошите долгови со високи каматни стапки нема да ви помогнат да изградите богатство или имот.
Решение: Приоритет нека ви биде плаќањето на долгот од кредитната картичка. Високиот долг од каматите може да ве чини многу.

Изненадени сте од сметките секој месец

Ако располагате со вашите пари месец за месец, тогаш што ќе се случи ако имате некој непредвидлив трошок?
Решение: Постојат два начина да ги олабавите конците на вашиот готовински тек. Или заработувајте повеќе или трошете помалку. Ако чекорите по првиот пат, тогаш побарајте покачување или работете дополнително. Ако целите да трошите помалку, тогаш скратете си нешто од задоволствата.