Знаци што покажуваат дека шефот не ве сака

34

sef

Фото: Pixabay

Се сомневате веќе подолго време дека не сте една од омилените личности на вашиот шеф? За да се уверите дека навистина е така, еве неколку знаци што укажуваат на тоа.

Никогаш не ве прашуваат за мислење

Кога претпоставениот/та не ве вклучува во донесување на големи одлуки во вашата сфера на работење, веројатноста дека не ви верува е голема.

Одбегнуваат да ве погледнат во очи

Едноставно, се плашат да не го откриете нивното мислење за вас. Токму затоа го вртат погледот на другата страна.

Не се смеат во ваша близина

Не станува збор за лош ден или расположение. Кога забележувате дека намерно стануваат сериозни во ваша близина, тоа значи дека не им се допаѓа вашето присуство.

Ве контролираат за сè и сешто

Ако вашиот претпоставен постојано ве контролира и за најмалата ситница, најверојатно нема доверба во вас. Тоа однесување може да биде на граница со мобинг, што сигурно не е добар знак.

Постојано ве одбегнуваат

Намерно скршнување од патот, одбегнување на лифтот или скалите каде што можат да ве сретнат… Со ова само сакаат да се поштедат себе си од случајно разменување на зборови.

Не ве забележуваат

Иако вие како и останатите се наоѓате во истата просторија, шефот едноставно се однесува како да не сте таму.

Одговараат брзо и кратко

На секое ваше прашање било да е тоа лично или преку мејл, наидувате на брз и отсечен одговор, без дополнително објаснување и слично.

Говорот на телото ги издава

Прекрстени раце, превртување со очите, гледање на друго место додека зборувате… сите тие знаци сигнализираат дека се работи за непријателски емоции.

Комуникацијата е строго преку мејл

Кога претпоставениот не ве сака, тој/таа ќе ја сведе комуникацијата со вас преку мејл и само тогаш кога мора, со цел да ја избегне средбата во живо.

Не ве покануваат на важни состаноци и проекти

Ако забележите дека не сте повикани на поголемиот број состаноци и сте исклучени од било какви важни проекти, тоа сигурно не е чиста случајност.

Не се согласуваат со вас… постојано

Што и да кажете, шефот негира и наоѓа разни причини за да го одбие вашиот предлог, што за многумина е навистина добар.

Ви даваат задачи што другите ги одбиваат

Добивате задачи што едноставно ви одземаат време и не се во согласност со вашите способности.

Не добивате фидбек

Не ви даваат никаква повратна информација за тоа како сте ја завршиле задачата или проектот.

… или добивате негативен фидбек пред колегите

Ве критикуваат во јавност, не покажуваат никаква почит кон вас, а со тоа потајно се надеваат дека ќе си заминете на друго работно место.