Знаци што покажуваат дека сте пред отказ

29

pexels-photo-52608

Фото: Pixabay

Ниеден вработен не сака да добие отказно решение, без разлика на причините. Особено е тешко доколку отказот биде соопштен неочекувано без претходни знаци што би укажале на таков исход.

За да не бидете шокирани кога ќе чуете дека сте останале без работа, внимавајте на следниве неколку знаци.

Сте добиле неколку предупредувања од шефот

Веќе сте направиле неколку грешки и сте биле предупредени од претпоставените. Тоа не е добар знак и голема е веројатноста да ве дели уште еден погрешен чекор до отказ.

Не добивате нови проекти и задачи

Во последно време нема нови задачи и проекти за вас. Останатите колеги се растрчани на сите страни, а вие тапкате во место.

Постојано ве надгледуваат и контролираат

Тоа значи дека претпоставените немаат доверба во вас и затоа постојано го следат секој ваш чекор. Доколку тоа не се промени исходот ќе биде негативен за вас.

Колегите се однесуваат чудно кон вас

Не ретко се случува некој од вработените да дознае дека претстои отпуштање и одеднаш да го сменат однесувањето кон вас. Се зборува зад ваш грб и се почесто ве изоставаат од групните активности и средби.

Намалување на плата и забранет пристап до информации

Платата ви е намалена и повеќе немате пристап до одредени информации и податоци. Ова се сериозни знаци коишто не смеете да ги игнорирате.

Зборувајте со претпоставените пред да биде предоцна и обидете се нешто да промените.