Знаете ли колку кафе пијат Илон Маск, Марк Цукерберг, Ричард Брансон…?

174

За да ги отворат очите наутро и да добијат сила за обврските што ги носи денот, многу луѓе често користат еден “магичен“ напиток – кафе. Други, пак, повеќе преферираат чај, а трети имаат некоја сосема поинаква дневна рутина. Ако сте “кафепијачи“, погледнете кој од познатите светски личност ја делат истата пасија со вас. Entrepreneur направи интересна анализа по ова прашање.

Па така, основачот на Tesla, Илон Маск пие по две кафиња дневно. Тој признава дека потребите за кофеин порано не ги задоволувал со кафе, туку со голема количина на диетална Coca – Cola, но денес дозата се сведува на само една лименка.

Американскиот продуцент, музичар и актер, Дејвид Линч вели дека имал навика, кога работел на некој проект или филм, по ручекот да изеде едно чоколадо и седум шолји кафе со многу шеќер.

Британскиот претприемач и сопственик на Virgin Galactic, Ричард Брансон нема навика да пие кафе, но затоа неговата утринска навика е да стане во 5:30 и пие до 20 шолји чај без шеќер во текот на денот.

Познатата манекенка Хајди Клум вели дека почетокот на денот не може да го замисли без едно кафе со млеко.

Композиторот Лудвиг ван Бетовен, како што пишува Entrepreneur, можеби имал проблеми со слухот, но сетилото за вкус никогаш не го изневерило. Еден од најдобрите композитори на сите време бил исклучително прецизен кога станува збор за кафето. Па така, во една шолја кафе морало да има вкупно 60 зрна кафе.

Синот на Теодор Рузвелт во една прилика рекол дека 26-от американски претседател имал шолја за кафе што по големина била “скоро колку една када“, а дека тој пиел и по три литри благо кафе дневно.

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг е човек кој не сака кофеин, па кафето го нема во неговата дневна рутина.

Фото: Pexels