Zoom го отстрани ограничувањето од 40 минути за празниците

79

Zoom ги отстрани ограничувањата за бесплатната верзија на софтверот за време на празничната сезона, со цел да им помогне на фамилиите ширум светот безбедно да се социјализираат за време на пандемијата.

Бесплатните профили на Zoom се ограничени на јавувања долги 40 минути, кои завршуваат веднаш при достигнување на рокот. Но, од Zoom соопштија дека тие ограничувања ќе бидат стопирани за наредните две недели, особено за Нова Година.

“Како знак на благодарност кон корисниците во овие необични времиња, ние ја отстрануваме границата од 40 минути на бесплатните зум профили на глобално ниво“, соопштиле од компанијата.

Фото: Freepik