Зошто цените на месото растат – три клучни причини

63

Цените на месото драстично пораснаа во последните години, а експертите велат дека причините се инфлацијата, недостигот на работна сила и прекините во синџирот на снабдување.

Цените на месото и месните производи се зголемија за 11,9 отсто во САД во октомври во однос на истиот месец минатата година, според Индексот на потрошувачки цени објавен од Заводот за статистика на САД.

Најмногу поскапе говедското месо во САД за 20,4 отсто, а свинското за 14,1 отсто. И цената на сланината драстично скокна, за 28 отсто.

Џим Бирд, директор на компанијата за финансиски консултации Планте Моран, изјави за Маркет Воч дека цените на месото и пилешкото го сочинуваат најголемиот дел од буџетот за храна за домаќинствата.

Мет Павиќ, директор за пазарни иновации во финансиската компанија Ревионикс, вели дека инфлацијата воопшто, зголемените цени на производството, недостигот на работна сила и прекините на синџирот на снабдување имаат најголемо влијание врз растот на цените. Исто така, како што наведува, побарувачката расте во целиот свет.

Една од најголемите светски компании за преработка на месо, бразилската JBS, која има подружници низ целиот свет, вели дека недостигот на квалификувани работници е голем проблем за месната индустрија и го загрозува и ограничува производството во повеќето земји.

Како што појасни, повеќето компании не можат да ги прошират производствените капацитети поради недостаток на работници.

„Бројот на работници во нашите погони остана ист, но производството не е исто како порано, бидејќи работниците повеќе не работат во сабота“, изјави Ногеира за Bloomberg. Тој објаснува дека недостигот од работници е присутен во целиот синџир на снабдување во месната индустрија, како што беше случајот во Велика Британија, каде што немаше доволно возачи на камиони поради Брегзит, но и работници кои работеа во кланиците. Тој додава дека се зголемени трошоците кога се работи за исплата на други поволности за работниците.