Зошто да се биде воркохолик е опасно за бизнисот

44

rabota

Фото: Pexels

Воркохоликот лесно се препознава. Тоа е личност која секојдневно презема многу обврски. Во канцеларија е енергичен, а дома летаргичген. Воркохоликот мисли дека ако работи повеќе, неговиот успех ќе биде поголем, но вистината е сосема поинаква. Колку повеќе работиш, помалку постигнуваш. Додека се грижи да го дигне на нозе својот бизнис, го запоставува својот личен живот, семејството, пријателите, а на листата на приоритети не се наоѓаат редовните оброци и физичката активност. Аll Business пишува зошто не треба да работите напорно, ако сакате да бизнисот да ви успее.

Не ја гледате големата слика

Не го трошете времето на извршување на задачи што може друг да ги заврши. Треба да се ставите во улога на стратег и да гледате на долгорочниот потенцијал за вашиот бизнис и како да го постигнете. Понекогаш тоа значи седење и размислување, а не седење и работење.

 “Прегорувате“ од работа

Колку повеќе време поминувате на работа, потешко може да се опоравите. Ако цело време размислувате само за вашата работа, може само да го “прегорите“ мозокот. Дозволете си одмор и фокусирајте се на нешто друго, освен работата.

Никој не се грижи што работите 60 часа неделно

Никој нема да биде импресиониран ако работите и за време на викендите. Понекогаш е потребно да работите дополнителни часови, но тоа не треба да премине во навика.

Повеќе работа не значи повеќе приходи

Ако работите многу, не значи дека ќе имате и поголеми приходи. Не дозволувајте работата да ве поседува. Дајте си за цел да се придржувате до работното време.