Зошто Џордан “трие раце“ од продажбата на дресовите на Меси

154

Трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ одекна силно во светот, а првата вечер од неговото доаѓање во Париз во продажба беа пуштени 150.000 дресови со неговото презиме и со бројот 30 на грбот. Онлајн беа распродадени за само седум минути.

Продажбата на дресовите на Меси со новиот клуб оди со вртоглава брзина, а информациите се дека до сега се продадени дресови за 120 милиони евра.

За ПСЖ припаѓа 10% од тој износ, а посебно интересен е податокот што серизни пари за еден викенд заработи и легендарниот Мајкл Џордан.

Имено, неговата компанија Air Jordan ги произведува дресовите и според договорот, има право на 5% заработка од продажба на дресовите. Тоа во овој момент, неофицијално, изнесува шест милиони евра за еден викенд.

Вистинската “потера“ по новиот дрес на ПСЖ со број 30 се очекува да стартува откако Аргентинецот ќе дебитира за парискиот клуб.

Фото: Facebook