Иако се чини дека екстровертните личности се подобри работници, работата со интровертни личности има, исто така, низа предности.
Интровертноста често се смета за недостаток, особено во работата, но тоа тврдење е далеку од вистинито. Да имате интровертен работник не значи да работите со личност која се изолира од други, не учествува во тимска работа или не е комуникативна.
Ако прашате директор да го опише својот совршен работник, неговиот одговор би бил: да е креативен, посветен, има добри реакции на фидбек, се држи до рокови и е етичен.
Но, според истражувањата спроведени во последната деценија, интровертите, за разлика од екстровертите, имаат поголема веројатност да поседуваат некои од овие карактеристики:
Интровертите се покреативни
За интровертите е познато дека се покреативни од екстровертите. Според магазинот Perceptual and Motor Skills: “Креативноста е начин на решавање на проблеми кај интелигентните, активни, високо емотивни и интроветни луѓе“.
Се држат до рокови
Кога има поставено рокови, екстровертите поретко ги почитуваат, за разлика од интровертните личности, бидејќи интровертите се оние кои често планираат однапред.
Размислуваат пред нешто да кажат
Екстровертите зборуваат брзо, додека интровертите говорат со нормален рамномерен тон.
Подобро прифаќаат фидбек
Истражувањата за тоа како интровертите и екстровертите реагираат на позитивни, негативни или неутрални повратни информации, откриле дека интровертите имаат подобри и посоодветни одговори на повратните информации што ги добиваат наспроти екстровертите.
Фото: Pixabay