Зошто докторите на науки не стануваат милијардери?

398

Извршниот директор на бизнис магазинот Inc, Џим Шлексер, за себе вели дека е образовен сноб врз основа на сопственото искуство и стекнување на највисоки академски и научни нивоа. “Како резултат на тоа однапред беше заклучено дека и моите деца ќе појдат на колеџ за да го комплетираат академското звање и стекнат дипломи“, вели тој.

Според него, голема причина зошто толку родители размислуваат и постапуваат на овој начин е затоа што сакаме да дадеме се од себе за да им дадеме на нашите деца  задоволувачки и независен живот. По правило, колку повеќе образование добива некој, толку се поголеми нивните шанси да заработат здрав и безгрижен животен стандард. Знаеме дека некој што ќе стекне докторски студии, просечно ќе заработи значително повеќе од некој што ќе заврши со формално образование по завршувањето на средното училиште.

Многу луѓе како Бил Гејтс, Марк Цукерберг никогаш не завршиле факултет. Шлексер објаснува дека поентата е во тоа што постои пресврт кога е во прашање продолжувањето на вишо и високо ниво на образование.

“Со тек на време секој станува повеќе специјализиран. Било да се занимавате со медицина, инженерство или компјутерски науки. Ова значи дека кога станува збор за започнување на работа со докторат во рака, најверојатно ќе работите како предавач или во лабораторија како истражувач на високо ниво. Ваквите работни места сигурно можат да бидат многу добро платени, но тие нема да ве направат милијардер. Можеби сте достигнале ниво каде не треба да се грижите за егзистенција, но во исто време сте ги намалиле вашите шанси да заработите пари што би ви донела сопствената компанија“, проценува Шлексер.

Поуката е како што вели, ако едно од децата ви вели дека ќе го напушти факултетот за да започне бизнис, немојте инстиктивно да реагирате негативно и да барате да се врати во амфитеатар. Напротив, ако има добра идеја можете да го поддржите во реализирањето на бизнис идејата.

Фото: Pixabay