Зошто единствената хрватска рафинерија привремено го прекина производството?

57

Рафинеријата за нафта ИНА го започна процесот на прекин на производството, беше објавено на веб-страницата на националната нафтена компанија. Од ИНА посочуваат дека прекинот на производството ќе биде привремен, а дека за време на прекинот – нема да има потешкотии со снабдувањето со гориво.

ИНА претходно најави дека поради владината одлука за ограничување на цените на нафтените деривати, своето премиум гориво ќе го продава само до истекот на постојните залихи, поради „значително негативно влијание врз бизнисот на компанијата“, пишува Нови лист.

Се наведува дека процесот на привремено прекинување на рафинеријата ќе започне поради замена на катализатори, без да се наведува колку ќе трае процесот.

„Рафинеријата за нафта Риека ќе го започне процесот на планиран привремен прекин на работата, со цел да ја спроведе активноста на промена на катализатори. Исто така, привремената суспензија ќе се искористи и за извршување на работите на новите погони, како и за прилагодување на постоечките погони во Рафинеријата за нафта Риека. ИНА се погрижи за време на суспензијата пазарот да се снабдува со сите видови гориво“, се вели во соопштението.