Зошто елитната КПМГ одлучи дека и требаат повеќе вработени од работничката класа

221

Ревизорската компанија КПМГ објави дека станала една од првите британски компании што поставила за цел да вработи одреден број работници кои доаѓаат од работничката класа со цел да помогне да се намали разликата во платите и да се диверзифицира работната сила.

Под работничката класа, КПМГ подразбира вработени чии родители извршуваат “рутински и мануелни“ задачи, како што се возачи, чистачи и работници во фарма.

“Нашата цел е 29% од нашите партнери и директори да бидат од работничка класа до 2030 година“, се вели во соопштението на КПМГ. Ревизорската фирма во Велика Британија има 582 партнери и околу 1.300 директори.

Во моментов, 23% од партнерите на KPMG и 20% од директорите се од работничка класа.