Зошто IKEA отвора продавница со нула паркинг места

446

Шведскиот гигант IKEA на 26 август ќе отвори продавница за мебел без паркинг во Виена и е замислена во духот на дигитализација и одржливост. За пазарење не ви е потребна голема количка, туку само паметен телефон со апликацијата на IKEA.

Откако клиентот ќе го скенира посакуваниот производ, може да го плати на касата и веднаш да го земе или да побара да се достави до неговата адреса, во зависност од големината.

До зградата ќе има паркинг за велосипеди, а фасадата на продавницата ќе ја красат 160 дрвја и грмушки засадени во џиновски саксии. Соларни панели се инсталирани на покривот, а гастрономската понуда во ресторанот на IKEA, меѓу другото, ќе вклучува и вегетаријанско мени.

На првите два ката од зградата ќе има хотел, којшто е наменет за млади луѓе и деловни патници.

Во автоматизираниот магацин ќе бидат подготвени над 3.000 артикли. Автоматизацијата и дигитализацијата нема да го намалат бројот на вработени.

ИКЕА Westbahnhof ќе вработи 320 луѓе. Поради пандемијата на коронавирус, посетите ќе бидат можни во првиот период по отворањето, само со онлајн резервации.

И покрај пандемијата, IKEA Австрија во годината 2019/2020 година, ја зголеми продажбата за 5,5 % на 847,3 милиони евра, од кои 124 милиони се реализирани онлајн.

Фото: Querkraft