Зошто интровертите се добри лидери

200

Кога размислуваме за лидери, обично во главата имаме слика на харизматична, комуникативна, самоуверена личност која освојува соба веднаш штом ќе влезе во неа. Но, интровертите се всушност одлични лидери, за што сведочи случајот на милијардерот Бил Гејтс. Ова се само некои од особините кои ги прават интровертите одлични лидери.

Тие слушаат подобро – За почеток, интровертите се подобри слушатели, не треба да бидат во центарот на секој разговор и немаат проблем да чекаат секој да излезе со своите идеи, за да се поентира со нивните.

Добра подготовка – Интровертите се упатени – не се потпираат на шармот и нивната способност да излезат од непријатни ситуации, туку добро се подготвуваат за се. Додека повеќето луѓе остануваат на површината, тие навлегуваат во материјата, знаат да ги постават вистинските прашања, го слушаат одговорот и ја одвојуваат суштината од неважните детали.

Способност да се фокусираат – Една од нивните најголеми предности е способноста да останат фокусирани, дури и во моменти кога другите се расеани.

Тие пишуваат повеќе – И конечно, интровертните лидери пишуваат повеќе – иако живееме во ера на модерна технологија, старомодно пишување е сè уште важно бидејќи води до јасно размислување и добра комуникација.