Зошто инвеститорите заборавија на златото?

46

Унца злато падна речиси два проценти минатата недела, додека цената на среброто падна најниско оваа година (под 22,5 долари за унца).

Се очекуваше дека клиентите ќе се загреат за благородни метали во ситуација на зголемена инфлација, но ситуацијата не испадна така. 

Цената на унца злато само во четвртокот падна за речиси три проценти, на 1.744 долари, а среброто се лизна на најниско ниво од ноември минатата година. Паладиумот, исто така, имаше голема неделна загуба (шест проценти).

Цените на нафтата отидоа во спротивна насока поради проблеми со снабдувањето (во САД, се очекува два урагани да го намалат производството за вкупно 26 милиони барели, бидејќи бунарите не работат веќе неколку дена), пренесува Seebiz.