Зошто Италијанците и Шпанците се најпогодени од коронавирусот

478

Демографијата, социјалното однесување и тестирањето се само некои од причините зошто Италија и Шпанија бележат најголем број смртни случаи од коронавирус во светот, изјавија здравствените експерти за CNBC.

Италија забележа повеќе од двојно повеќе смртни случаи од Кина, каде што вирусот првпат се појави кон крајот на 2019 година. До петок наутро, во Италија имало 8.215 смртни случаи споредено со 2.991 во Кина, според Универзитетот Johns Hopkins . Во исто време, стапката на смртност во Шпанија нагло се зголеми во последните неколку дена и во моментов е на 4.365,  далеку повеќе над кинескиот.

Загрижувачките бројки покренаа прашања за тоа што стои зад високата стапка на смртност во овие европски земји. Здравствени експерти за CNBC изјавиле дека има неколку причини.

Бавен одговор

“Вирусот се рашири многу пред луѓето да го сфатат тоа“, рече Александар Едвардс, експерт за имунологија на Универзитетот Reading, зборувајќи за ситуацијата во Италија.

Тој објасни дека  во повеќето европски земји  владеело мислењето дека епидемијата е “странски проблем“, а тој првичен став доведе до брзо ширење на вирусот на места како Италија и Шпанија. Кинескиот регион Вухан, од каде потекнува вирусот, е исклучен од остатокот на светот од средината на јануари. Областа делумно ќе ја укине изолацијата на почетокот на април, бидејќи веќе неколку дена нема нови случаи.

Се чини дека екстремното затворање имало позитивен ефект. Сепак, во тоа време, одлуката да им се каже на 11 милиони луѓе да останат дома, се чинеше премногу драстична и без гаранција за успех.

Италија ги спроведе своите први мерки за затворање кон крајот на февруари во 11 општини во северниот дел на земјата. Национална блокада беше поставена дури на 9-ти март. Италија задоцни, вели Едвардс.

Капацитет за тестирање

Стапката на смртност, исто така, e поврзана со тоа колку луѓе се тестираат за вирусот, вели Мајкл Тилдесли, епидемиолог од универзитетот Warwick. Во основа, колку повеќе луѓе се тестираат, толку подобро надлежните ќе можат да одговорат.

Како резултат на тоа на места каде што многу луѓе се тестираат и се прави брзо, како Кина, бројот на починати не е толку голем како во Италија и Шпанија, каде се тестираат само граѓаните кои покажуваат симптоми на коронавирус. Едвардс додаде дека во Кина, луѓето со вирусот биле брзо идентификувани и изолирани во здравствениот систем, а не дома, што се случило во Италија.

Популација

Според Едвардс, во Италија имало двојна комбинација на фактори на ризик. Тој објасни дека првата група на луѓе погодени од вирусот во таа земја се постари луѓе. Податоците на ОЕЦД покажуваат дека Италија е втора најстара популација во светот, по Јапонија. За оние над 60 години се смета дека имаат поголем ризик од смрт од коронавирусот.

“Секоја недела, млади Италијанци одат да ги видат бабите и дедовците, ги бакнуваат, одат во црква или јадат заедно“, рече Едвардс, додавајќи дека овој контакт со старите лица помогнал во ширење на вирусот низ цела Италија.

Иако Шпанија нема една од најстарите популации во светот, коронавирусот исто така сериозно влијае на оваа возрасна група. Податоците на шпанската влада покажале дека возрасните групи со најголем број случаи во таа земја биле: 50-59; 70-79; и над 80 години.

Фото: Pixabay