Зошто компаниите коишто немаат веб страна како да не постојат

106

Живееме во дигитална доба, кога скоро сè е онлајн и поврзано преку Wi- Fi мрежа, од телефони, компјутери па до клима уреди и машини за перење алишта. Навикнати сме да го користиме интернетот којшто стана наша енциклопедија 24 часа.

За било што да ви падне на памет за тоа постојат веб страни. Новите генерации најмногу веруваат на интернет содржините. Сè се проверува онлајн: какви се рецензиите за некој ресторан, споредба на цени за различни производи, благодарение на разни апликации се планира патување, се резервира сместување…
Изработка на веб страна е работа со којашто се занимаваат десетици милиони луѓе, а секои две минути настануваат 380 нови веб страни.

Затоа, не е тешко да се сфати зошто денес се вели дека “не постоите ако не може да ве пронајдат на интернет“. Ова е сериозен елемент за сите деловни објекти, институции, здруженија, клубови, организации…

Да се биде присутен на интернет е особено важно за деловниот свет, односно компаниите.

Една од првите работи што би требало да ги направите е изработка на веб страна за компанијата.

Отворивте фирма, но ако немате дигитален идентитет, за вас ќе знаат само познајниците, роднините и случајните минувачи. Никој друг не чул за вас. Но, ако сте онлајн многу брзо голем број на луѓе ќе дознаат за вашата компанија, услугите или производите кои ги нудите.

На својата веб страна може да ја претставите својата компанија, услугите и производите преку видео материјали, фотографии, прикажете на карта каде се наоѓате, како да ве контактираат…

Вашата веб страна е адут за пробивање на пазарот, бидејќи живееме во дигитална доба. Според некои статистики, потенцијалните клиенти поминуваат во просек 24 часа неделно онлајн, а на своите мобилни телефони три до четири часа дневно. Тоа значи дека клиентите очекуваат компаниите да бидат онлајн, а оние кои немаат своја веб страна се сметаат  за непрофесионални.

Фото: Pexels