Зошто компаниите треба да инвестираат во заедницата?

27

Donacija Image

За првпат кај нас, постои платформа за мобилизација на ресурси

Моќта на бизнис заедницата

Компаниите и бизнис заедницата отсекогаш биле двигатели на промени во заедницата, во општеството, па и на глобално ниво. Не само поради фактот што со своите сервиси, продукти и иновации го олеснуваат, подобруваат и унапредуваат животот на илјадници и илјадници граѓани, туку и поради фактот што имаат ресурси (финансиски и човекови) со кои можат директно да учествуваат во промените во заедницата.

Промена на филозофијата

Еден од начините на кои може да се работи на подобрување на заедницата е партнерството со граѓанските организации. Инвестирањето во проекти/сервиси/социјални претпријатија кои ги водат организации од невладиниот сектор, а работат на полето на обезбедување услуги на заедницата е една од најдобрите опции за тоа. Како долгогодишна пракса насекаде во светот, прифатена од мултинационални корпорации, па сè до мали и средни претпријатија, инвестирањето во заедницата е повеќе од само филантропија. Овој пресврт во филозофијата на водење бизнис оди чекор понатаму, не само како овозможување добра и услуги, туку и поддршка за промени и подобрување во самите заедници.

Како може да инвестирате?

За првпат во Македонија, Националниот координативен механизам (НКМ), како мултисекторско тело за надзор на грантовите од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, создаде интернет платформа за донирање и мобилизација на средства. Целта на интернет платформата на НКМ е со мала инвестиција, преку собирање на повеќе мали суми на пари од поголем број индивидуи и компании, да се поддржат организациите кои пружаат услуги на клучните заедници.

Nacionalen koordinativen mehanizam

Само во минатата година, 16-те граѓанските организации дел од НКМ опслужиле 15.000 припадници на засегнатите групи граѓани, при што се обезбедени повеќе од 200.000 услуги за превенција, грижа и поддршка, од страна на 160 ангажирани и обучени лица за раководење и обезбедување превентивни услуги. А тоа е навистина голема бројка!

Може да инвестирате на два начина: онлајн преку платформата достапна на веб страната www.nkm.mk или да стапите во контакт со НКМ и заеднички да ги разгледате можностите за поддршка. Вие лично, но и како компанија, можете да донирате и инвестирате и на тој начин со многу малку да придонесете многу за заедницата!