По објавата на полскиот оператор на нафтоводот Дружба дека е откриено истекување на една од гасоводните линии што пренесува нафта од Русија во Европа, загриженоста за енергетската безбедност на Европа расте, особено по неодамнешното истекување на гасоводот Северен тек, пишува Ројтерс.
Дружба е еден од најголемите нафтоводи во светот, изграден од Советскиот Сојуз.
Овој нафтовод, кој започнува од централна Русија, ги поврзува западните сибирски нафтени полиња со големите рафинерии во Европа.
Има капацитет од над два милиони барели нафта дневно, но неговата искористеност е сериозно намалена во последните месеци поради влошувањето на односите меѓу Русија и Западот, пренесува Танјуг.
Нафтоводот Дружба е поделен на два крака, од кои поголемиот северен крак оди кон Полска и Германија. Низ таа делница во последните месеци се испумпуваа околу два милиони тони или 490.000 барели нафта дневно.
Јужниот огранок, кој испорачува нафта за Словачка, Унгарија и Чешка, испумпуваше околу еден милион тони нафта месечно или 245.000 барели дневно, наведува британската агенција.
Гасоводот минува низ Белорусија, која исто така зема дел од нафтата.











