Зошто најчесто вработените добиваат отказ

66

Иако отпуштањето од работа зависи од компанија до компанија, односно од работодавачот, околностите и самата личност, сепак има неколку работи што се најчеста причина за отказ во многу организации.

На пример, 22% од работодавачите отпуштиле вработен за тоа што бил на боледување со лажна причина. Користењето на интернет за лични потреби натерало 24% од вработените да дадат отказ на работникот.

Честото доцнење, исто така, не се толерира многу, па така 41% од директорите отпуштиле некој од тимот поради таа причина.

Мал процент, односно на 17% работодавачи им пречело што некој вработен постирал одредена содржина на социјалните медиуми.

Освен овие и следниве неколку причини и лоши однесувања резултираат со отказ, па дури и легални постапки:

  • Оштета на имот од компанијата,
  • Поседување на алкохол и наркотици,
  • Фалсификување на документи,
  • Непослушност,
  • Незадоволителен перформанс,
  • Крадење,
  • Земање на премногу слободни денови…

Фото: Pixabay