Зошто не напредувате на работа

144

Да  добиете унапредување на работа некогаш ви се чини како невозможна мисија. Постојано се обидувате, но никако да ги постигнете саканите резултати. Ова се три најчести причини што ја попречуваат посакуваната цел.

Барате унапредување, без да направите нешто значајно

Овој проблем се јавува кога нема да завршите одредена задача како што треба. Доброто извршување на некоја работа не значи дека сте подготвени за повеќе.

Немате изградено мрежа на познанства

Клучна работа за успех е поддршка од други. Успехот не е самостоен потфат. Потребна ни е поддршка од колеги и претпоставени за да се случи унапредувањето. Зголемување на плата или барање на подобри услови за работа од претпоставените секогаш е тешко, но не би напредувале ако не се изборите сами за себе. Бидејќи поголемиот дел од времето го поминувате на работа со своите колеги, важно е да внимавате како се однесувате и да не ги иритирате со своите лоши работни навики. Лошите навики може да имаат големо влијание врз вашата кариера и долгоочекуваното унапредување.

Никогаш не сте разговарале со други работодавачи

Една од најголемите грешки што можете да направите е да сте на истата работа веќе пет или 10 години без да остварите значителни контакти со луѓе надвор од вашата компанија. Оние кои така постапуваат во случај на отказ неретко се чувствуваат изолирани и сами и не знаат од каде да почнат.

Разговорот со други работодавци и да се сфати каде точно се наоѓате на пазарот на трудот е она што ве прави моќни. Се препорачува на секои четири до шест месеци да разговарате со луѓе кои не се од вашата компанија без разлика дали ви е потребна нова работа.

Фото: Pexels