Зошто некои луѓе се успешни, а некои никако да успеат?

158

Зошто некои луѓе успеваат да ги постигнат своите цели, а други не? Психолозите сметаат дека успешните луѓе успеваат да ги пребродат петте препреки кои во многу случаи се гаранција за неуспех. Ова се главните пречки за успех што треба да ги совладате:

Целта не ве мотивира доволно

Кога некој ќе си постави некаква цел, главно замислува некаква работа, одреден износ на пари, предмет или одредено достигнување. За жал, таквите работи не се самата срж на она што не мотивира. Недостигаат позитивни емоции поради кои всушности и ги сакаме тие работи.

Целта замислете ја сосема поинаку. Визуелизирајте како ќе се чувствувате кога ќе ја постигнете целта. На тој начин ќе бидете мотивирани и ќе направите се што треба за да стигнете до целта.

Страв од неуспех

Ако се плашите од неуспех, нема да бидете подготвени на ризикот потребен за постигнување на целта. На пример, нема да направите важен телефонски разговор затоа што се плашите дека ќе ве одбијат. Или нема да ја промените работата и да започнете сопствен проект или бизнис затоа што се плашите дека ќе завршите без денар во џеб.

Одлучете дека неуспехот, ако дојде до него, е привремена состојба! Ако ситуацијата не се одвива како што сакате, тоа е краток застој кој само го пролонгира успехот. Со други зборови, прифатете го фактот дека понекогаш нема да успеете од прва, но на тој неуспех гледајте како обиколница која е важна компонента на вашиот потфат.

Страв од успех

На многу начини овој страв ве слабее и повеќе од стравот од неуспех. Да претпоставиме дека сте постигнале нешто спектакуларно, сте стекнале големо богатство. Што ако тоа не ве усреќи? Што тогаш? Ако на крајот изгубите се? Што ако вашите пријатели почнат да се однесуваат чудно? Вашата фамилија почне да ви завидува? Таквите мисли можат да саботираат дури и високомотивиран личност.

Наместо тоа, подобро одлучете да бидете среќни и благодарни денес, без оглед на тоа што ќе се случува во иднина. Наместо фокусирање на можните проблеми, замислете како би било прекрасно да им помогнете на пријателите и фамилијата.

Нереален план

Повеќето луѓе го потценуваат она што може да се направи за една недела и она што може да се направи за една година. Поради тоа се обидуваат да направат премногу во краток временски период, наместо силите да ги распределат долгорочно. Неможноста за остварување на краткорочни цели води до обесхрабреност и остава впечаток дека крајната цел е недостижна.

Составете попис што се е потребно да ја постигнете целта. Краткорочно, напишете план за само 20% активности, тие можат да произведат дури 80% од саканите резултати. Покрај тоа, составете амбициозен долгорочен план.

Подгответе се за можно губење на мотивација

Да претпоставиме дека се обидувате да совладате некакви вештини. Можеби сте постигнале брз напредок на почетокот, но тогаш, по некое време, се чини дека не ви оди баш најдобро, а можеби дури и назадувате. Некои луѓе сметаат дека ова е изговор да се откажат од се.

Кога ќе дојдете до одреден врв, време е за славење, а не за откажување. Тоа скоро секогаш е знак дека сте чекор до голем напредок. Ако имате доволно трпение да издржите, со време ќе ја достигнете целта.