Зошто “немам време” е најлошиот можен изговор во бизнисот

24

vreme

Фото: Pexels

Да се биде зафатен во денешно време е некој вид епидемија. Изговори за откажување состаноци, за извршување обврски или било што друго има многу. Но еден од најлошиот можен изговор во светот на бизнисот е “немам време”.

Ако велите “немам време”, тогаш оставате впечаток дека:

Не ви е грижа

Тоа е во ред, не може да се грижите за сè, секој сам си ги поставува приоритетите. Сепак, не велете “немам време”, туку најдете начин да кажете “не”.

Не сте ефикасни

“Немам време” остава впечаток дека не знаете ефикасно да го менаџирате времето. Не ги отфрлајте луѓето околу вас со оваа реплика. Наместо тоа, можете да кажете дека напорно работите на некој проект и со тоа ќе оставите простор за соработка во иднина.

Не сте сериозни

Колку пати успешни бизнисмени одбиле некаква работа? Често, но само затоа што знаат што им е фокусот, а не поради преполниот распоред. Почетнички потег е да се затвораат врати и уриваат мостови, затоа што вашата презафатена сезона денес може утре да биде “мртов период”.