Зошто плакари со лизгачки врати?

398

Складирањето може да биде еден од најголемите предизвици во домот. Уредните места за складирање што ги чуваат и кријат предметите надвор од видното поле се одговор на потребите на секој човек. Плакарите со лизгачки врати не само што ги сокриваат овие места, туку и додаваат дополнителна привлечност во собата.

glavna

Внесувањето на плакар во собата може да предизвика дополнителен проблем кога е потребно да се остави простор и за вратите кои се отвораат на шарки. Тогаш е потребно и да се прераспореди останатиот мебел во собата, тепихот и други предмети, за да се овозможи непрекината работа на вратите.

Решението е да се постават лизгачки врати на самиот гардеробер. Овие врати може слободно да ги оставите отворени без да го попречуваат просторот. Постојат разни модели на плакарски системи со лизгачки, од разни производители, со различни квалитети и разлика во цена.

Солопром Ви го претставува EVO 2. Италијански систем за шибер врати на плакари кои се поставуваат надвор од рамките на елементот. Може да се постават механизми за меко затворање или традиционални стопери за врати. Вратите може да бидат од дрвен панел (пр. иверка) или со алуминиумски рамки со максимална дебелина од 24 мм и максимална тежина до 50 кг. Минималната ширина на една врата мора да биде 600 милиметри.

evo-2

vasa-vizija-footer-580