Зошто популарните логоа најчесто се на лева страна?

290

Логото е графички симбол, илустрација или знак што означува одреден производ, услуга, компанија, настан, личност, предмет, идеја… Станува збор за карактеристичен симбол што може да биде сочинет од различни букви и бројки.

Но, дали сте забележале дека логоа на познати брендови најчесто се сместени на левата страна? Бројни научни истражувања покажуваат дека поголем впечаток оставаат логоата кога тие се поставени на левата, одошто на десната страна.

Па така, ако, на пример, отворите една интернет страница, погледот прво ви “паѓа“ на левата, а дури потоа на десната страна. Поголемиот дел од интернет страниците, своето лого го сместуваат од оваа страна за да може корисникот веднаш да го забележи. Истото се случува и со облеката и други предмети што секојдневно нè опкружуваат, пишува Bright Side.

Ако ви се доближи некој познаник или пријател и сака да се поздрави со вас, тогаш вашиот поглед се насочува кон неговата лева страна.

Ова не е пракса што е востановена во последно време, туку се работи за нешто што се случувало децении и векови наназад. На пример, на облека на воени и високи претставници на земји секогаш од левата страна се поставувале логоа или значки за воени почести.

Едно истражување покажало дека корисниците многу повеќе се сеќаваат на некое лого, кога тоа е поставено на левата одошто на десната страна.

Фото: Pexels