Производителите на сол во Русија бележат зголемување на нарачките по објавување на препораката на Министерството за здравство да се исплакне носната слузница со солена вода за да се спречи инфекција со коронавирус, пишува Пословни дневник.
“Откако руското Министерство за здравство ја објави препораката на деветти април, бројот на налози за испорака на сол кои ги добија производителитете од дистрибутерите се зголеми за 20%“, рече Дмитриј Леонов, заменик претседател на руското здружение на производители на сол.
Тој рече дека граѓаните купуваат сол за превентивна употреба. Леонов потсети дека една од методите за спречување на коронавирусот, препорачан од Министерството за здравство е да се измие носната слузница со солена вода, што е всушност стерилна мешавина од сол и вода и, меѓу другото, да се врати назалната влага и да се запре воспалението на мукозата.
“Производните капацитети на домашните компании се во можност 100% да ја задоволат тековната зголемена побарувачка“, рече Леонов.
Фото: Pixabay