Зошто Саудиска Арабија увезува огромни количества песок?

Првата работа на која повеќето луѓе мислат кога ќе се спомене Саудиска Арабија е пустината, а со тоа и бескрајните количества песок.
Саудиска Арабија е со големина од околу 2,2 милиони квадратни километри. Вкупно 95 проценти од земјата е пустина. Се разбира, соодветно, насекаде има купишта и купишта песок.

Сепак, оваа земја редовно увезува огромни количества песок, пишува BiznisInfo.ba.

Песокот е потребен за речиси сите поголеми градежни работи, па дури и сите важни градежни материјали – бетон, тула, стакло – се произведуваат со песок.

Всушност, тоа е она што го прави втор најкористен природен производ после водата.

Имајќи предвид дека во Саудиска Арабија се изведуваат огромни градежни работи, јасно е дека ѝ се потребни големи количества песок.

Ако мислевте дека на Саудиска Арабија нема да ѝ недостига овој ресурс и дека може да изнесе камиони со песок од своите пустини, се лажете.

Саудиска Арабија можеби е песочна пустина, но тој песок не е со соодветен квалитет за градење. Поединечните гранули пустински песок имаат мазни рабови кои се бескорисни за градба, додека речениот песок има назабени рабови кои се потребни за градежниот бетон.

Ниту обичниот песок на плажа не е корисен како градежен материјал поради присуството на сол во него.

Според тоа, постои голема побарувачка за речен песок, а тој е дефицитарен поради зголеменото ниво на градежни активности ширум светот. Освен тоа, потребни се стотици години за реката да направи песок!