Зошто си заминуваат вредните и талентирани работници

256

За да избегнете да ви заминат талентираните и вредни работници, прочитајте каде можете да погрешите. Forbes нуди 10 причини поради кои талентираните вработени ги напуштаат работодавците:

1. Не сте дозволиле да се ослободат нивниот талент и страсти

Паметните компании ја воочуваат страста на вработените кон одредена тематика и го ускладуваат тоа со корпоративните цели и акции. Ако не дозволите развој на овие таленти, големи се шансите дека вашите вработени ќе заминат онаму каде што ќе можат да покажат колку навистина вредат.

2. Не сте го поттикнале нивниот ум

Паметните луѓе не сакаат да живеат во затворена и органичена средина. Ако не го предизвикате нивниот интелект, ќе ве остават поради оние кои се подготвени да го сторат тоа.

3. Не сте ја поттикнале нивната креативност

На секоја креативност и треба место за напредок, развој и подобрување. Таквите луѓе треба да бидат вклучени во дизајн. Нив не треба да ги затворате во дадени рамки, туку да им дозволите да внесат промени во монотонијата.

4. Не сте работеле на развој на нивните способности

Колку и да е некој талентиран или паметен, треба да се развива и да созрева во својата работа. Ако го ограничите нивниот развој, ќе заминат онаму каде што ќе им се укаже можност за тоа.

5. Не сте ги слушале

Талентираните луѓе имаат добри идеи и забелешки. Обидете се да ги сослушате, затоа што ако не можете вие, може некој друг.

6. Не сте им обрнувале внимание

Се разбира дека луѓето одат на работа пред се да заработат пари за живот. Но, ако немате слух за нивните емоции, со време ќе одат онаму каде што мислат и на тој сегмент во работењето, без разлика колкава плата им нудите.

7. Лош лидер сте

Не пропаѓаат дејности, производи и проекти, туку лидери. Најдобар доказ за тоа е отсуствотот на надреден во компанијата. Кога го нема, компанијата и понатаму функционира, а работата си тече. Ако не се поставите како добар лидер, работниците ќе бараат некој друг да ги води.

8. Не сте го признале нивниот труд

Најдобрите лидери не ги земаат заслугите за себе, туку им ги припишуваат на вработените. Не признавањато на туѓиот труд, освен што е крајно нечувствително и арогантно, е и најдобар начин да ги избркате на друго место.

9. Не сте ја зголемиле нивната одговорност

Луѓето со задоволство ќе прифатат повеќе одговорност и работа затоа што тоа значи дека сте ја забележале нивната важност како поединци, а не само како број на хартија.

10. Не ги исполнувате дадените ветувања

Ако нешто ветите, тогаш исполнете го. Ако ја уништите довербата меѓу вас како лидер и вработениот, ќе ја загубат довербата во вас и едноставно, ќе си заминат.

Фото: Freepik