Зошто The New Corporation е филм што морате да го гледате

69

Eден од најмоќните документарци којшто излезе во 2004 година беше The Corporation, а во него се зборуваше за начинот на кој корпорациите се претвораат во возило за одбегнување на одговорност, со што се предизвикува огромна штета врз животната средина и општествена нееднаквост.

Сега, творците што стоеја зад овој документарен филм го претставија и неговото продолжение – The New Corporation: The Unfortunately Necessary Sequel.

Филмот е за начинот на кој големите компании како JP Morgan и  BP  подмолно се претставуваат како “добри корпоративни граѓани“ без да ја признаат штетата што ја предизвикуваат.

Фото: Youtube Printscreen