Зошто треба да ги третирате своите вработени како клиенти

38

tim

Фото: Pixabay

Повеќето компаниски лидери првенствено се грижат да ги задоволат своите инвеститори, на второ место се потрошувачите, а за вработените е резервирано третото место. За бизнисот да тргне онака како што треба, променете го вашиот однос кон вработените, тоа што ќе го добиете ќе биде од исклучителна важност.

Ќе ја разберете нивната вистинска вредност

Да им се даде на вработените истото ниво на внимание и важност како што им се дава на клиентите е од есенцијално значење. Без нивната посветеност да работат за иститие тие клиенти, компаниите ќе останат без бизнисот што го имаат или нема да бидат толку успешни колку што сакаат да бидат.

Ќе имате подобар увид во работите

Компаниите се фокусирани да ги проверуваат клиентите, особено оние што им носат најмногу пари. Истото треба да се практикува и со вработените. Треба редовно да се водат разговори со вработените за тоа како се чувствуваат со нивната моментална улога во компанијата. Тоа е исто така многу корисно за да се воочат евентуални проблеми пред истите да земат поголем размер, односно пред вработениот да даде отказ.

Подобро ќе ги услужувате клиентите

Со тоа што ќе ставите акцент на среќата на вработените, ќе помогнете и клиентите да бидат задоволни. Ако вработените не се задоволни, клиентите ќе го забележат тоа било да се случува преку телефон или во живо. Фрустрацијата на тимот води до непосветеност кон работата, лоша продуктивност, а со тоа и лоша продажба.

Ќе добиете поголема согласност

Исто како што треба да ја презентирате својата работна етика птед клиентите со цел да ја добиете нивната доверба, така треба да се однесувате и со вработените. Мора да покажете посветеност и да им помогнете да ја развијат и добијат довербата од клиентите пред да го инвестираат своето време во растот и развојот на компанијата.

Ќе останат со вас кога ќе биде најтешко

Секако помислата дека ќе дојдат тешки времиња за бизнисот е страшна за секој сопственик, но секоја компанија кога тогаш се соочува со лош период. Кога тоа ќе се случи ќе се познае како сте се однесувале кон вработените пред да настане кризата. Ако ве поддржат, сте биле добар претпоставен, ако си заминат – не сте ја ценеле нивната вредност. Задоволниот тим ќе ве следи и во добро и во зло.