Зошто треба да започнете сопствен бизнис

25

rastenie

Фото: Pexels

Осум одлични причини зошто треба да започнете сопствен бизнис што поскоро.

Ги познавате вистинските луѓе

Преку социјалните мрежи LinkedIn, Facebook, Twitter, како и веб страниците на компаниите денес можете да комуницирате со сите. Секако, можно е некој да не одговори, но вината ќе ја побарате во вас и вашиот пристап. Започнете со малку и со она што е изводливо. Потоа изградете ја основата. Добрата мрежа е како пирамида со широка основа. Најдете добра причина да се поврзете со одредената личност, давајте пред да добиете и ќе бидете изненадени кој сè може да одговори.

Никогаш не е доцна

Иновациите нема никогаш да завршат. Секогаш ќе дојде и од новото поново и од паметното попаметно. Некои од најдобрите компании своите успеси ги должат на “прочистување”, односно подобрување на веќе постоечки идеи и иновации. Ќе биде доцна само ако не сакате да станете подобри, побрзи, посилни или поевтини од претходникот.

Луѓето ќе слушаат

Луѓето ќе ги заинтересира сè што е забавно, интересно, шокантно, информативно, глупаво, сатирично, контроверзно, тажно, смешно… Ако не сакаат да слушаат, побарајте го проблемот во вас. Сменете ја пораката што сакате да им ја пренесете, таа треба да им значи нешто на луѓето до кои сакате да допрете.

Имате вештини

И да ги немате не е проблем. Читајте, учете, посетете курсеви, работилници, зборувајте со пријатели, прашувајте… Најдете некој што веќе го има направено тоа што вие сакате да го направите и волонтирајте со цел да добиете искуство и лекции што ќе ви требаат. Вештините и знаењата треба понекогаш да се заработат.

Имате идеи

Да се измисли нешто сосема ново е прилично тешко. Да се промени, односно обнови нешто што веќе постои е лесно. Има многу проблеми што чекаат решенија. Тие решенија се идеите. “Новото” е тешко да се замисли, но “подоброто” е остварливо. Многу компании се изградени токму врз основа на “подобро”, не на “ново.”

Постои ризик, но не промногу

Од секој преземен ризик може да се вратите назад. Со време може да го надмините секој проблем, неуспех и да излезете посилни, попаметни и со поголемо искуство за следни успеси. Ако никогаш не пробате може само да зажалите, а тоа е ризик што не смеете да го преземете.

Никој не бара совршеност

Можеби сте несигурни, можеби се плашите од критика или одбивање. Тоа е во ред. Дајте сè од себе и чекајте. Потоа ќе ги направите дополнителните поправки базирани на фидбекот од клиентите.

Со малку работа луѓето ќе разберат

Добрите идеи можат да се опишат во неколку зборови. Добрите производи исто така. Кога изгледа како никој да не го разбира тоа што го нудите, единствената личност што нешто не разбрала сте вие. Тогаш е време да го оставите егото настрана и вашиот “единствен” поглед на работите и да откриете каде сте направиле грешка.