Зошто треба повеќе да слушате, а помалку да зборувате?

148

Многу често забораваме да слушаме. Да, ние секако слушаме, но дали ги разбираме зборовите на соговорникот, дали запаметуваме нешто од кажаното, дали навистина се грижиме да го чуеме она што се зборува?

За тоа колку е важно вистински да слушаме говорат следните неколку мудри мисли.

Има разлика помеѓу слушањето и чекањето на ред за збор.

Никогаш вистински нема да го разберете соговорникот, ако не се ставите во “нивна кожа“.

Може многу да се научи од слушањето. За жал малку луѓе го практикуваат тоа.

Слушањето значи дека сте присутни, не дека сте тивки.

Вистинските пријатели се токму оние кои умеат да слушаат. Истото важи и за лидерите.

Еден од најискрените начини да се покаже почит кон соговорникот е внимателно да се слуша што има да каже.

Послушајте го советот од постарите. Не затоа што секогаш се во право, туку зошто имаат повеќе искуство со грешки во животот.

Кога зборувате кажувате нешто што веќе го знаете. Кога слушате постои можност да научите нешто ново.

Едукацијата е способност да се слуша речиси било што без да го загубите трпението или самопочитта.

Секој кој ќе го сретнете во животот знае нешто што вие не знаете.

Фото:Pixabay