Зошто убедливоста е поважна од добра идеја

Како продукт менаџер најпрво во Google, потоа во Reddit и Pinterset, Тајлер Один знае по нешто за моќта на убедувањето, пишува Entrepreneur.com.

Тајната, вели тој, не лежи во имањето идеја што мислите дека ќе го промени светот. Туку станува збор за тоа да ги натерате луѓето да го делат вашето мислење.

“Реалноста е дека визионерите како Стив Џобс не биле успешни бидејќи смислиле нешто неверојатно и оригинално туку така,“ Один изјавил во интервју во 2018 год. “Напротив, тие имале дарба постојано да убедуваат голем број луѓе да ги следат на нивниот пат кон нешто неверојатно и оригинално.“

Один држи говори на тема убедливост со години, и се повикува на принципите што психологот Даниел Канеман ги наведува во неговата книга “Брзо и бавно мислење“.

Канеман истакнува дека мозокот има два система преку кои доживува информации: првиот систем е брз, автоматски и во голем дел несвесен. Вториот систем е бавен, намерен, и бара подлабоко, поаналитичко размислување.

Кога станува збор за креирање аргумент или порака, не е доволно само да сте логично исправен. Додека некоја идеја може да му се допадне на вториот систем, сепак треба и првиот систем да функционира.

“Кога набљудуваме што е тоа во што успеваат визионерите, гледаме дека тие ни нудат конзистентен и кохерентен план и самодовeрба што нè тера да се чувствуваме безбедни. Им веруваме не затоа што нивната визија е совршена, туку затоа што ја држат под контрoла. Тие комуницираат јасно, без да ни ги дадат сите одговори. Она што луѓето го мислат дека е визија во суштина е убедување“, вели тој

Да се биде успешен претприемач бара многу повеќе од убедување луѓе да го купат вашиот производ или да инвестираат во вашата компанија. Успехот значи создавање длабока мрежа на конекции кои го делат вашиот ентузијазам за вашата идеја и за како таа ќе се развива. Во продолжение се неколку идеи како да започнете.

Фото: Pixabay