Зошто во време на најголема криза инвестираат милијарди во “пропаднат“ сектор

614

Нема подобро време од сега Саудиска Арабија да изгради свои нови туристички атракции, изјави министерот за туризам Ахмед ал – Катеб.

Пандемијата на коронавирусот предизвика економски проблеми ширум светот, а патувањата и туризмот се сериозно погодени. И покрај повторното отворање на границите, индустријата бележи многу бавно закрепнување и слаба побарувачка. Според Светската туристичка организација, глобалниот туризам би можел да се врати 20 години назад поради Ковид-19.

Но, Саудиска Арабија минатиот месец најави дека ќе инвестира 810 милијарди долари  во туристички проекти во наредните 10 години.

Овие проекти се дел од напорите на кралството да ја диверзифицира својата економија и вклучува планови како што е развој на футуристичкиот изглед на градот Неом, пишува CNBC.

На прашањето дали е вистинско време да се вложат пари во овој сектор, со оглед на неизвесноста, ал-Катеб вели дека тоа е “златна можност“, бидејќи работна сила е достапна, а цената на материјалите е многу пониска од порано. Сепак, според неговата проценка, не само Саудиска Арабија треба да ја користи кризата Ковид-19 за изградба, туку и сите влади во светот.

До 2030 година Саудиска Арабија сака да привлече 100 милиони посетители годишно, а туризмот да чини 10% од БДП.

Фото: Pixabay