Зошто вработените молчат на состаноците?

22

sostanok

Фото: Pixabay

Многу често се случува вработените да не учествуваат во дискусијата (презентацијата) и менаџерот да остане без никакви прашања и предлози од нивна страна. Зошто е тоа така и како да ги натерате да бидат поактивни и да покажат поголема иницијатива за случувањата во продолжение.

Проблемот не е во нив, проблемот е во вашите реакции (суптилни и несуптилни) коишто најчесто се протолкувани како непријателски. Вашите вработени едноставно мислат дека нивниот став ќе биде лошо прифатен.

Како да го промените тоа?

Дознајте ја вистинската причина за нивното молчење. Во тој процес можете да го вклучите и секторот за човечки ресурси. Има неколку заеднички причини, но сигурно постојат и многу индивидуални причини и фактори зошто е тоа така. Само ако ја знаете вистинската причина може да го решите проблемот.

Одвојте доволно време. Најчесто презентацијата/состанокот одзема многу време и вработените немаат шанса да постават прашања или да дадат свој предлог. Штом ќе почнат да ги гледаат своите телефони и часовници, даваат знак дека се обесхрабруваат за било какво учество. Затоа, потребно е малку повеќе време и негова правилна распределба со цел да можат и вработените да дадат свој придонес.

Без привлекување на внимание. Дури и најекстровертната личност понекогаш може да се почувствува непријатно да крене рака и да постави прашање пред своите колеги. Затоа потрудете се да создадете начин на којшто вработените ќе ги споделат своите мисли и прашања без да привлечат големо внимание. Тоа може да се направи ако повикате помала група на вработени одвоено и ги замолите да ги кажат своите грижи и двоумења, па макар тоа било и во писмена форма и групно.

Наместо да повикувате на прашања, поставете прашање. Дури и во најотворените групи постои одреден ризик за вработените да покажат извесно незнаење со поставување на прашање. Но, ако претпоставениот постави конкретно прашање тогаш вработените можат полесно да се вклучат во дискусија.

Не оддавајте впечаток дека сте експерт. Ова особено важи за комуникацијата на социјалните медиуми. Наместо да се правите сезнајко, поставувајте прашања. Дали некој имал искуство со ….? Дали имате некакви идеи во врска со…? и слични прашања ќе покажат само дека сте лидер кој води според пример и многу полесно ќе добиете фидбек од вработените.