Зошто жените се подобри менаџери од мажите

127

Во 1953 година, организацијата што се занимава со истражување на јавното мислење Gallup ги праша Американците: “Ако имате нова работа и имате шанса да изберете шеф, дали би работеле за маж или жена?“ Во тоа време, 66% од Американците одговориле дека преферираат шеф од машки пол, 5% би избрале жена, а на 25% им било сеедно дали тоа ќе биде маж или жена.

По повеќе од шест децении Gallup побара од Американците да одговорат на истото прашање и тие сè уште  преферираат машки шеф (33%), за женски шеф се изјасниле 20%, а 46% одговориле дека за нив нема разлика меѓу половите. И покрај тоа, Gallup откри дека вработените кои работат за женски менаџер во САД  во просек се повеќе ангажирани од оние кои работат за машки менаџер.

Иако постојат многу успешни женски и машки менаџери, жените менаџери имаат предност кога станува збор за ангажманот, а тоа лидерите треба да го имаат предвид кога треба да одлучат кого треба да именуваат за менаџер.

Лидерите, исто така, треба да знаат дека жените менаџери повеќе се ангажираат од нивните машки колеги и им помагаат во градењето на светла иднина на своите вработени. Тоа не значи дека жените повеќе ги промовираат своите вработени, туку тие имаат поголема склоност да ги стимулираат работниците во извршувањето на нивните задачи.

Студијата покажа дека ако сте раководени од жени менаџери постои голема веројатност да одговорите позитивно на следниве изјави:

“На работа го поттикнува мојот развој“.

“Во последните шест месеци зборуваше за мојот напредок“.

“Изминатава недела добив признание или пофалба за добро завршена работа“.

Жените, за разлика од мажите, повеќе ги стимулираат своите вработени успешно да ги извршуваат задачите и да ја развиваат својата кариера. Тие имаат тенденција да обезбедат редовни повратни информации и да им помогнат на своите вработени да ги постигнат своите цели за развој. Исто така, им даваат позитивни повратни информации на вработените, а тие се чувствуваат вреднувани за нивниот придонес.