Звучните бариери на патиштата би можеле да произведуваат струја

262

zvucni barieri

Звучните бариери покрај автопатите наскоро би можеле да произведуваат електрична енергија. Панелите се на тестирање на автопатот А2 во Холандија, па доколку покажат добри резултати ќе се инсталираат на сите патишта во оваа земја.

Овие панели се прекриени со посебен материјал – uminescent solar concentrators (LSC), којшто ја спроведува светлината до конвенционалните соларни панели, коишто потоа генерираат енергија.

Поради различните бои на LSC, звучните бариери изгледаат интересно.

Секој од овие панели ќе биде пет метри висок и 4,5 метри широк. Еден километар од автопатот прекриен со вакви соларни бариери може да генерира електрична енергија доволна за 50 куќи.

Оваа технологија ја осмисли Мајк Деби од Универзитетот во Ајндховен.