
Прометот во македонската индустрија во август 2026 година бележи пораст од 8,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Bо август 2026 година во однос на август 2025 година, прометот во индустријата, вкупно, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 %, Капитални производи за 17.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 4.2 %.
Вкупно, во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, бележи опаѓање од 16.3 %, додека во периодот јануари – август 2026 година, во однос на периодот јануари – август 2025 година, бележи пораст од 3.0 %.
На домашниот пазар во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи пораст од 4.4 %, додека во периодот јануари – август 2026 година, во однос на периодот јануари – август 2025 година, бележи пораст од 3.9 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи пораст од 11.2 %, додека во периодот јануари – август 2026 година, во однос на периодот јануари – август 2025 година, бележи пораст од 3.1 %.
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во август 2026 година, во однос на август 2025 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 2.7 %
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 17.4 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 17.3 %











