🛒 ⛽ Потрошувачка во август: Раст на прометот со храна, а горивата забележаа номинален скок од 29%

Во август 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 8.4 %

Во трговијата на мало во август 2026 година, во споредба со август 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 5.0 %, а реално за 1.2 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.1 %, а реално е зголемена за 2.3 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 1.3 %, а реално за 2.3 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 8.4 %, а номинално за 29.0 %, објави Државниот завод за статистика.

Во август 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена номинално за 29.0 %, а реално за
    8.4 %
  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 5.0 %, а реално за 1.2 %