
Македонска берза известува дека донесен е заклучок за внесување на издавачот ЗК Пелагонија АД Битола на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото ЗК Пелагонија АД Битола на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради поведена претходна постапка заради утврдување на постоење услови за отворање на стечајна постапка на издавачот ЗК Пелагонија АД Битола.











