
Во второто тримесечје од 2026 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми бележи намалување од 6.9 % во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Вкупното производство на шумски сортименти во второто тримесечје од 2026 година во државните шуми изнесува 103 383 м3 и во споредба со истото тримесечје од 2025 година е намалено за 6.9 %.
Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 99 587 м3 и бележи зголемување од 1.8 %.
Пораст на производството е забележан единствено кај трупците, и тоа за само 0.5 %.
Производство на шумски производи:
- Огревно дрво 75 593 м3
- Трупци 25 638 м3











