🏗️ 📊 Скок од 18,9% на градежните дозволи во август: Издадени 333 дозволи – предвидени нови 1.030 станови!

Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), покажуваат дека во август 2026 година се издадени 333 одобренија за градење, што претставува зголемување од 18,9% во споредба со истиот месец минатата година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 21 777 160 илјади денари, што е за 315.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за изградба на автопат А4, делница ГП Блaце – Скопје.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 224 (67.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 18 (5.4 %) за објекти од нискоградба и 91 (27.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 333 објекти, на 231 (69.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 102 (30.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 030 станови со вкупна корисна површина од 80 530 м2.

Во август 2026 година:

  •  Најмногу одобренија за градење, 224, се издадени за високоградба
  • Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 105
  • За изградба се предвидени 1. 030 станови

    Фото: Gemini