
Европските берзи тргуваат претпазливо во среда наутро поради протестите во Франција и некои други земји од еврозоната, додека добрите деловни резултати од компаниите им даваат поддршка на пазарите.
Аналитичарите очекуваат профитот на компаниите од паневропскиот индекс STOXX 600 да порасне за околу 20,7 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година, објави Ројтерс.
Посебно внимание се посветува и на случувањата на францускиот пазар, откако малопродажниот синџир „Карфур“ ја намали својата годишна прогноза за профит, како и на растот на инфлацијата во Велика Британија.
Европските фјучерси за гас за ноември беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 86,505 евра за мегават-час, или околу 908 евра за 1.000 кубни метри.
Според податоците на берзата, германскиот берзански индекс DAX падна за 0,04 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,21 процент, московскиот IMOEX за 0,13 проценти, додека францускиот CAC 40 порасна за 0,19 проценти, а италијанскиот FTSE MIB за 0,12 проценти.
Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,12204 долари.
Цената на златото падна на 4.115,72 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 6,3776 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).










